Димоски: Жалбите доставени од членовите на Левица Карпош вродија со плод

  • Фејсбук статус на Мартин Димоски, советник на Левица во Општина Карпош

300-тините жалби доставени од членови на Левица Карпош вродија со плод – ДУП Ј 04 се враќа на доработки. На денешната седница на Советот на Општина Карпош беше изгласано повторно враќање на овој ДУП на корекции, а се враќа и Деталниот урбанистички план за градска четврт Ј 02.

До крај за зелен и хуман Карпош!

Во претходна објава и Бранко Ристов, претседател на Советот на Општина Карпош и член на Президиумот на Левица ја истакна заложбата на советниците на Левица за исполнување на ветувањето и потребата за изградба на парк во оваа општина.