Левица Карпош кон реализација на својата програмска заложба за изградба на парк

  • Фејсбук статус на Бранко Ристов – Претседател на Совет на Општина Карпош и член на Президиумот на Левица

На утрешната седница на Општина Карпош една од точките е 10-те милиони денари меѓуопштинска соработка помеѓу градот и општината.

Долгогодишна заложба на Левица Карпош е исполнување на ветувањето и потребата за изградба на парк во нашата општина. Нема подобар начин да се искористат овие средства од почнување со реализација на истото. Покрај тоа што изградба на парк е програмска заложба на сите политички чинители, во минатиот состав (градоначалник и совет) очигледно покрај далеку подобра финансиска состојба, се немаше нит воља ниту визија.

Согласно комуникацијата со градоначалникот сметаме дека почетокот на изградбата на паркот треба да отпочне да се реализира што поскоро. Во таа насока очекувам средствата од градот да одат кон почетокот на конечно реализирање на ова долгогодишно ветување.