(Видео) Апасиев: Одбран е комбинираниот модел за попис дека најлесно се манипулира

Во интервјуто на емисијата Јади Бурек, лидерот на Левица Димитар Апасиев, зборуваше за пописниот фалсификат во Македонија, спроведен од актуелната власт.

Според Апасиев власта го злоупотребила европското знаменце при донесувањето на законот за попис, и тврди дека заради тоа што за ваков нема европска директива што значи не може да се користи европското знаменце.

“Во светот има четири модели за попис, и додека нема унифициран европски модел за попис тие тоа го шверцуваа со европско знаменце, а за тоа кривично се одговара, за да ја спречат опозицијата да го блокира или подобри законското решение, како и воопшто да дебатираме. Со европско знаменце [за предложените закони] дебатата трае само три дена во Собранието, на комисија па на пленарна седница. Значи дека нема европска директива на која можеш да се повикаш, затоа што секоја земја си има свои ‘sui generis’ модели, кој како сака.“

Пратеникот нагласи дека постојат повеќе модели за спроведување на попис, и констатираше дека Владата намерно го избрала комбинираниот модел, заради тоа што со овој модел најлесно може да се манипулира.

„Компаративно, постојат 4 модели за попис. Традиционален – од куќа до куќа, електронски, францускиот континуиран со ажурирање на регистри, и нашиот комбиниран. Според мене најдобриот модел во 21-от век е електронскиот … тој е најсигурен. Знаеш ли зошто [од Власта] го одбраа комбинираниот? Оти најлесно се манипулира. Ако не можеш да стигнеш, како во случајов, ќе речеш нив административно ќе ги попишеме. Каде пишува во законот ‘административно попишување’?”