Србија и Република Српска го прогласија 27 септември за Ден на жалост

Стефан Недељковиќ, Игор Миленковиќ и Бојан Мијаиловиќ загинаа во судирите во Косово кај селото Бањска, објавија од РТС.

Владата на Србија на вчерашната вонредна седница го прогласи утрешниот ден -27 септември за Ден на жалост во врска со трагичните настани на Косово.

Владата на Србија ги замолува сите медиуми и организатори на јавни настани да ја прилагодат својата програма на Денот на жалоста во среда, 27 септември и со тоа да им оддадат почит на жртвите на Косово и Метохија, се вели во соопштението на Владата на Србија.

Владата на Република Српска исто така го прогласи 27 септември за Ден на жалост.

Знамињата на институциите ќе бидат спуштени на половина копје, а телевизиските и радио содржините, како и сите спортски и забавни настани планирани за тој ден, ќе бидат приспособени на Денот на жалост.

За разлика од Србија и Република Српска, на Косово, Српска листа прогласи тродневна жалост на Косово.

-Денеска, утре и задутре се денови на жалост во српските заедници во Косово, по повод смртта на наши сограѓани во трагичен настан во Бањска, општина Звечан, се наведува во соопштението на Српска листа.

Во српските заедници на територијата на Косово ќе бидат откажани сите забавни настани организирани од органите и институциите на локалната самоуправа, а српските знамиња на сите институции ќе бидат спуштени на половина копје.