Македонија ја продолжува својата деструктивна надворешна политика кон Русија.
Имено, вчера во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) 93 земји, меѓу кои и Македонија, гласаа за суспендирање на Русија од Советот за човекови права на ОН поради злосторствата во киевското преградие Буча и други места во Украина. Резолуцијата беше иницирана од САД.
Во контекст на ова Бујар Османи од ДУИ на Твитер Напиша дека „Северна Македонија ги осудува „флагрантните и системски прекршувања на човековите права“, објавувавјќи листа од земјите кои гласале за исклучување на Русија.