„Модерна смрт” – изложба на Петар Миљковиќ, Симона Новаковиќ и Мартин Џепароски во КИЦ

Во среда, 25 октомври 2023 година, во Културно Информативниот Центар во Скопје, ќе биде отворена изложбата „Модерна смрт“.

Покрај традиционалниот начин на уметнички израз и приказ, денес користење на технолошките иновации ни овозможи да создаваме впечатливи, извонредни и високоангажирани мултидистциплинарни уметнички дела. Мешаните медиуми jа создадоа идејата за изложба „Модерна смрт”

“Модерна смрт” е заеднички проект помеѓу академскиот сликар Петар Миљковиќ, академската графичарка Симона Новаковиќ и академскиот скулптор Мартин Џепароски.

При развивањето на делата, секој уметник има за цел да одговори на провокацијата:
Како може да се дизајнира модерна смрт во 21 век?

Изложбата ќе биде отворена до 7 ноември 2023 година.