Изложба со предавања како дел од проектот „На извориштето на македонскиот институционален театар

Изложбата проследена со предавања кои се дел од проектот „На извориштето на македонскиот институционален театар, Македонски народен театар 1913-1941 “ ќе биде презентирана утре на 25 октомври во малата сала на Факултетот за музичка уметност со почеток во 17.00 часот.

Истата ќе биде повторена на 7 ноември на Факултетот за драмски уметности со почеток во 13.00. Врз основа на анализата на истражениот материјал од архивите ќе се одржи предавање од страна на Соња Здравкова-Џепароска, Ана Стојаноска и Христина Цветаноска.

Изложбата содржи материјали од првите години на постоење на театарот на македонско тло со детален попис на претставите кои се изведувани, гостувањата и дел од фото материјалите од овој период.