119 години по Илинденското, на Македонија ѝ се случи народно востание – власта не го послуша народот
- Пишува Ангеле Михајловски, Член на Сектор култура – Левица и Советник во Општина Штип
119 години по Илинденското, на Македонија ѝ се случи Народно востание со реки народ пред Собрание и пред Влада против ,,францускиот предлог”. Востание со протести и зборови, со масовност, аргументи и ЈАВНО КРЕНАТ ГЛАС место оружје!
Вие од власта, не го послушавте народот!
119 години години потоа, петиции и петиции за одбрана на македонскиот јазик и историјата, не ви беа доволни за да кренете глас и да речете НЕ. Да им се спротивставите на уцените, кои по секоја цена ,,ве носат” во НАТО! Цената треба да биде добивка, а во вашите ,,математики”, цената е БРИШЕЊЕ на идентитет, на историја, на јазик, на култура и на сè што е македонско!
На она за што се бореа нашите ИЛИНДЕНЦИ, вие му ставивте пепел и го замрсивте со нерешени прашања.
Да се решава ,,чиј е Гоце”, против кого и ,,за што се борел Даме”, кој е окупатор, а кој ,,милум” убивал и масакрирал!
Со кое лице, вие од СДССРМ, денес ,,славите” во Крушево?
Ја прегазивте историјата со потчинување пред ,,алчните соседи”!
Свиткавте кичми до прекршување и сега ќе се ,,истакнувате” пред Мечкин Камен!
Со која цел, со која етика, со кое лицемерие? Малку ли ви беше ,,Галичник, 2022″ или и да се повтори, вие ќе сте си без осет?
Народот е против вашите политики, а вие ,,фотки” ќе си правите за да ве има, да не биде дека и сега пак ,,се криете”!
Или денес си правите генерална проба за ,,ветените ви заеднички славја” со Бугарија!?
Македонија ја вративте 119 години наназад! Македонското прашање го вративте век и пол назад, а глумите одење напред!
Илинден е света работа, како и Македонија. Вие ни ,,с” од тоа немате. Од ,,с” само ,,свиркање” за вас.
Македонија не е продукт за распродавање! Македонија не е на вересија!
Македонија е држава.
Македонија е на Македонците.
Илинден е македонска историја.
Честит Илинден!
Честити два Илиндена!