Апасиев: На Македонија и е потребна македонска платформа за национални интереси

На вчерашното гостување во емисијата Јади Бурек, пратеникот Димитар Апасиев од Политичката партија Левица зборуваше за повеќе актуелни теми. Дел од разговорот во емисијата кој привлече најголемо влијание беа ставовите на пратенигот за актуелните преговори на Македонија со источниот сосед.

Пратеникот потсети дека првата декларација која ја поднесе Левица од Парламент беше токму „Декларацијата за осуда на национал-шовинистички претензии“ и нагласи дека Македонија има огромна потреба од платформа која ќе ги гарантира нејзините национални интереси.

„Првата декларација која што Левица ја поднесе до Собранието на Република Македонија беше Декларацијата за осуда на национал-шовинистичките позиции на Бугарија спрема Република Македонија. На нас ни е потребна македонска платформа, без оглед кој е на власт дека нема менување на Устав, химна и знаме.“

Во изминатиот период, за катастрофалните резултати од пописот, наместо вината да се бара во спроведувачите на пописот со лош закон, се почесто поддржувачите на власта оваа вина ја бараат во бојкотирачите. Апасиев воочи дека баш луѓето кои го бојкотирале пописот имале јасни слика за тоа што се спрема.

„Тие 132.000 жители се најпрогресивниот дел, тие не подпаднаа под притисоци и закани, тие ја воочија големата слика и буквално тие го поништија овој попис. Пописот е погрешно утврдена фактичка состојба, а овој попис е безвреден.“