Црвена Младина: Младината на СДСМ по стапките на високото раководство – се претвора во нарко картел

  • Реакција на Црвена Младина

Од неофицијални извори дознаваме дека советникот во општина Ѓорче Петров од СДСМ и воедно претседател на ЛК СДММ Ѓорче Петров, Мартин Трајковски (21) бил лишен од слобода заради сомневање со трговија со дрога. Против него е поднесена кривична пријава по членот 215 од кривичниот законик на Република Македонија. Изненадувачки или не засега ниту еден медиум не ја пренесе оваа информација, а од нејасни причини во билтенот на МВР се’ уште не е објавен записникот поради наводна нивна координација со ОЈО Скопје.

Мартин Трајковски кој е исто така и вработен во Царинската Управа, често пати е забележан во друштво со високи функционери на СДСМ кои претходно беа поврзувани со нарко картелите од Грчец и Арачиново. Оваа квислиншка партија продолжува да продуцира расипнички кадри и станува заштитен бренд на криминалот во Република Македонија.

Црвена Младина јавно го повикува советникот да си поднесе оставка од советничката функција во Општината се’ до целосно расчистување на случајот, стои на фејсбук статусот на Црвена Младина