Левица: Демир Хисар се гуши од диви депонии

Во целост ја пренесуваме реакцијата на ЛО Левица – Демир Хисар

Општина Демир Хисар важи за предел во кој мајката природа не штедела. Реки, планини, ливади и чист воздух кој во денешно време е луксуз. За жал, убавата слика за демирхисарската природа ја “красат” и валканите улици и тротоари, масовната сеча на дрва, запоставените паркови и зеленила и дивите депонии кои сигурно ги има во троцифрен број.

Во 21 век, службите задолжени за собирање на комунален отпад кои имаат директно влијание врз зачувувањето на природата и урбаната животна средина, делумно си ја извршуваат својата работа. Во многу демирхисарски села не се врши превземање на комуналниот отпад од страна на ЈП Комуналец, дивите депонии не се расчистуваат а инспекторите од Министерството за животна средина и просторно уредување не вршат надзор и не ги казнуваат луѓето кои го фрлаат отпадот на несоодветно место.

Левица ЛО – Демир Хисар смета дека треба Општина Демир Хисар во координација со ЈП Комуналец – Демир Хисар, во најкус можен рок да ги расчистат сите диви депонии во општината, да постават знаци за забрането фрлање на отпад и што е најважно, да почнат да го собираат комуналниот отпад од сите села во Општина Демир Хисар!“


ДЕМИР ХИСАР СЕ ГУШИ ОД ДИВИ ДЕПОНИИ 🚩 Општина Демир Хисар важи за предел во кој мајката природа не штедела. Реки,…

Posted by Левица – Демир Хисар on Sunday, February 28, 2021