Левица: Модуларната болница во Битола во застој поради неажурно работење на локалната власт

Во целост ја пренесуваме реакцијата на ЛО Левица – Битола

Граѓаните на Битола загрижени за ситуацијата која се одвива моментално во здравството. Видно револтирани од досегашната работа на градоначалничката Наташа Петровска и празните ветувања од власта на СДС за пуштање во употреба на модуларната болница која требаше да се изгради за три недели.

Изминаа три месеци и беа издвоени 40.000 евра од буџетот на општина Битола. Лажните пролонгирања кои се случуваат на терен претставуваат уште еден показател за несовесност и манипулативност кон граѓаните од страна на локалните власти. Бројките постојано се во пораст, а СДСМ постојано манипулира со целокупната ситуација.

Битолчани нема да ги заборават околностите кога починатите и живите со часови делеа иста просторија без соодветни простории за капацитет.

Нема да гo заборават испуштањето на медицински кадар во време на пандемија, тврдејки дека од истиот имаме недостиг.

Нема да ги заборават фекалиите и црвените чадори.

БИТОЛА НЕМА ДА ЗАБОРАВИ !“