Модификација низ времето во квалификациите на неонацистичкиот баталјон „Азов“ од страна на новинарите на „Њујорк Тајмс“

„Азов“ е нео-нацистичка единица во рамките на Националната гарда на Украина и функционира како посебен одред за специјални намени. Оваа група уште од февруари 2014-та година, па во текот на следните месеци од судирите во Украина, игра важна улога во т.н. Мајдански протести и државниот удар во земјата. Но, исто така и при борбите во Донбас. Злосторствата што припадниците на Азов баталјонот ги прават во Донбас се една од причините што Русија ја наведува за почетокот на специјалната интервенција во Украина и „денацификацијата“ на земјата. Оваа организација е забранета во Руската Федерација.   

Дури и американскиот Конгрес, во 2019-та година, заедно со уште неколку крајно-десничарски групи, баталјонот Азов го прогласува за „странска терористичка организација“. Сепак, според началникот на медицинската единица на полкот, Степан Середа, оваа единица во минатото била засилена и подпомогната со инструктори од странски земји кои поминале низ школата на НАТО и Француската легија на странци.

Но, со почетокот на конфликтот во Украина, западните медиуми, водени од нивната анти-руска пропаганда и отворена промоција на русофобијата, имаат тенденција да ги ребрендираат овие нацистички групации. Така еминентниот весник „Њујорк Тајмс“ во 2015-та година, известуваќи за баталјонот Азов, неговите припадници ги окарактеризирува како „отворени неонацисти“, додека во напис од 2022 година, пред 3 недели, истите ги нарекува „крајни десничари“?!