АктуелноЛокално

Мицкоски не повикува на протести заради меѓународната заедница!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното интервју за Канал 5 рече дека сега не е време за протести, бидејќи амбасадите во Скопје може да и замерат на партијата ако политички ја дестабилизира Македонија во време на војната во Украина.

Се согласувам дека нема активности од опозицијата. Сведок сум на многу граѓани кои ми приоѓаат, ме контактираат, преку социјалните мрежи, директно со мене, кои бараат протести, народот да се извади на улица и така натаму, затоа што работата не ја бива. А работата не ја бива затоа што на многу анкети повеќе од 75 проценти од граѓаните мислат дека државата оди во погрешна насока и дека оваа влада треба да замине. Тоа создава голема фрустрација и револт и тие нормално бараат опозицијата да се организира и да излезе на улица. Вистинското прашање е дали на тој начин, во услови на безбедносна криза, кога ни се случува украинската криза, нема од меѓународната заедница ние да бидеме прогласени како политички субјект кој што се обидува да ја дестабилизира Македонија и на тој начин да дадеме вештачко дишење на оваа криминална влада на СДСМ и да го продолжиме нејзиното владеење”, изјави Мицкоски.

  • Објавата е превземена од Македонски весник – makedonskivesnik.com