АктуелноИнтернационално

Потврденo: Во Украина откриени траги од воена биолошка програма финансирана од САД

Официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова излезе со коментар за воената биолошка активност во украинските биолошки лаборатории. Во документот објавен од Руското МНР откриени се докзаи за постоење на биолошка програма раководена од САД.

Потврдуваме дека, за време на специјалната воена операција во Украина, беше откриено дека режимот во Киев криел траги од воена биолошка програма спроведувана и финансирана од Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави.

Според она што го кажа Захарова, во документите кои биле предадени од страна на вработените во лабараториите констатирано е постоење на опасни патогени, а во меѓувреме Украинското министерство за здравство дало наредба, овие докази да бидат уништени.

Документацијата за итно уништување на многу опасни патогени на чума, антракс, туларемија, колера и други смртоносни болести на 24 февруари беше добиена од вработени во украинските биолаборатории. Ова вклучуваше инструкција од Министерството за здравство на Украина за итно уништување на складираните резерви на многу опасни патогени, испратени до сите биолаборатории. Овие материјали може да се најдат на интернет порталот на Министерството за одбрана на Руската Федерација.

Оваа вест ја потврди и Државниот потсекретар за политички прашања на американската влада, Викторија Нуланд која сведочеше пред Комитетот за надворешни работи на Сенатот за Украина во Вашингтон. На сослушувањето, таа рече:

Да, во Украина има биолошки истражувачки објекти…

Државниот потсекретар за политички прашања на американската влада, Викторија Нуланд

Останува нејасно, зошто досега ова се негираше и се префлаше вина на „теории на заговор“, доколку нема простор за загриженост од легитимитетот на она што се работело во овие т.н. „биолошки истражувачки објекти“?