Концерт на македонски фолклор на хорот„Менада“ во недела во Тетово

Градскиот тетовски женски младински хор „Менада“, по повод на 19 Ноември, Денот на ослободувањето на Тетово, организира концерт на фолклорна музика.

Македонската традиција и обичаи во недела ќе бидат раскажани преку хорска изведба на градскиот хор „Менада“. Концертот ќе биде проследен со автентичен етно стил. На промотивниот плакат се претставени три невести – Сетолчанки, дело на академскиот сликар Павле Кузмановски, како илустрација на песната „Огреала месечина“, информира диригентот Ивица Зориќ, основач и долгогодишен диригент на хорот.

Концертот ќе се одржи НУ „Музеј на тетовскиот крај“ (Дом на АРМ) со почеток од 19 часот, влезот е слободен.