Премиерот на Пакистан Имран Кан до земјите од Западот: -„ Дали мислите дека сме ваши робови?!‘‘

Премиерот на Исламската Република Пакистан, Имран Кан, со остра критика кон странските дипломати кои вршеа притисок врз Пакистан за да се приклучи на резолуцијата на ОН со која се осудува Русија, обвинуваќи ги претставниците дека пакистанците ги третираат како „робови“.

Кан одговори на дипломатите, кои како претставници на 22 мисии, вклучително и земји во Европската унија заедно со Јапонија, Швајцарија, Канада, Британија и Австралија, го повикаа Пакистан да се откаже од својата неутралност и да се приклучи нив во осудата на Москва. 

„Како не замислувате нас? Дали ние сме ваши робови… па се што ќе кажете, ние ќе сториме?“, изјави Имран Кан, пред да ги праша амбасадорите на ЕУ дали тие побарале такво нешто од Индија, која исто така останува неутрална.

Пакистан, заедно со 34 други земји, беа воздржани на гласањето по повод резолуцијата на ОН со која се осудува руската „агресија врз Украина“. Воздржани беа и соседите на Пакистан, Индија, Бангладеш, Н.Р Кина, И.Р Иран, Шри Ланка, Таџикистан, Киргистан и Казахстан.

Пакистанскиот премиер, покрај тоа што вети дека земјата ќе остане неутрална во конфликтот помеѓу Русија и Украина, тој изјави и дека Пакистан во минатото претрпел многу од тоа што ги поддржал воените акции на НАТО во Авганистан.

Инаку, од скорешната посета на Имран Кан во Москва, каде имаше средбата со Претседателот на Руската Федерација, Валидмир Путин, излезе информација дека Пакистан ќе потпише договор за увоз на природен гас и пченица од Русија. А наводно и дека на оваа средба двајцата лидери исто така разговарале за долгоочекуваниот гасовод од Русија кон Пакистан, кој треба да биде изграден во соработка со руски компании.