Мециновиќ кон Каевски: Кога не доаѓаш на дебата – да се пробаме на игрица

Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ, реагираше за објавената снимка каде портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски, игра на телефон за време на седница.

Дарко Каевски на дебата не ми доаѓа, знае ли некој шо игра е таа да се пробаме таму?
#ПортпаролиГејмери – напиша Мециновиќ.

Портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски, за медиуми изјави дека „ова прв пат му се случува и дека во принцип внимателно ги следи дебатите што се одвиваат во законодавниот дом.” Објаеното видео каде Каевски се занимава со игра на телефонот е за време на излагањето на пратеничката Гордана Силјановска Давкова, каде говори за лошата состојба во правосудството.

Дарко Каевски е зет на провладиниот аналитичар, Алберт Муслиу, кој беше вмешан во пропаѓањето на Еуростандард банка. Дополнително, синот на Алберт Муслиу, Петрит Муслиу, беше испратен за конзул во Чикаго. Инаку, Петрит Муслиу е дипломиран правник и магистар по меѓународно право, кој пред да замине во Чикаго бил ангажиран како програмски менаџер и советник во Владата, но дотогаш немал никакво искуство во дипломатијата и/или поврзаност со надворешната политика.

И лидерот на Левица, Димитар Апасиев, објави статус каде го повика Каевски на дуел со Мециновиќ.

Портпаролот на СДС на Нашата Земја вежба видеоигрици. Да се навежба, па може и ќе прифати ТВ ДУЕЛ со портпаролот на Левица. – напиша Апасиев.

Во продолжение видеото кое го објавија медиумите.