Левица нема да свика седница во Карпош за спорниот ДУП на Пуцко петрол

Статус на Бранко Ристов, член на Президиум на Левица и претседател на Совет на општина Карпош

„Како Претседател на Совет при Општина Карпош до мене пристигна барање за свикување итна седница од страна на советничката група на СДС. Една точка на дневен ред, ДУП за бензинската на Пуцко.

После вчерашниот состанок со сите советници на Општина Карпош, каде државен правобранител се дрзна да најави кривични ако ДУПот не помине, одлучив да не свикам седница и вечерва ги известив сите советнички групи. Седница под уцена од страна на партиски пајташи со функција, нема легитимитет и таква седница јас не можам да одржам.

Деловнички имаат можност да одржат седница за спас на Пуцко. Па нека ја држат без мене и останатите советници од Левица.

За разлика од другите партии ние сме во политика за јавен интерес а не да слугуваме на капиталот и коалициските интереси. Верувам дека заради тоа сме и најбрзорастечка партија во државата и пошироко.”