САД создадоа криза, а Украина е жртва на нивната политики

Лидерот на Исламската револуција, ајатолахот Сејед Али Хамнеи рече дека Иран се залага за крај на војната во Украина, додавајќи дека за една криза да може да биде завршена мора да се утврди основна причина која е извор за да се случи истата.

Ајатолахот Хамнеи се обрати на иранскиот народ и на муслиманите ширум светот, телевизискиот говор беше оддржан во вторникот по повод Еид ал-Мабаат, денот на кој Мухамед (А.С.) беше назначен за пророк.

Во обраќањето посветено на конфликтот во Украина, иранскиот лидер рече:

„Иран поддржува ставање крај на војната во Украина. Сакаме таму да заврши војната, но решението на секоја криза е можно само ако се утврдат основната причина. Коренот на кризата во Украина е политиката на САД, тие создадоа криза, а Украина е жртва на овие политики“.

Според ајатолахот Хамнеи, оваа криза, своите корени ги влече уште од шарената револуција во Украина, која беше поддржувана од САД.

„САД ја одвлечка Украина таму каде што е сега. Со мешање во внатрешните работи на Украина и преку шарената револуција тие соборија легитимна влада и поставија сопствена власт. Така ја вовлекоа државата во оваа ситуација“.

Тој исто така потенцираше дека и покрај тоа што во Украина по вмешувањето во внатрешните работи од САД стави прозападна Влада, на крај истата и како таква е извисена од нејзините партнери.

„Ситуацијата во Украина има две важни лекции. Владите кои се потпираат на САД и Европа треба да знаат дека нивната поддршка е фатаморгана и не е вистинска. Денешна Украина е вчерашен Авганистан. Претседателите од Западот им рекоа дека се потпираат на нивните влади, но на крај останаа сами“, предупреди Лидерот.

Хамнеи смета дека ова е лекција за сите, зошто кога владата не е поставена од народот, тогаш и се случуваат немили настани.

„Народот е најважната поддршка на владите. Ова е втора лекција од ситуацијата во Украина. Ако народот на Украина беше вклучен, украинската влада немаше да биде во оваа ситуација. Народот не се вклучи затоа што не ја одобруваше владата“.

На крајот од обраќањето до јавноста, тој ја критикуваше надворешната политика на САД.

„САД се манифестација на модерното незнаење, дискриминација, угнетување и создавање кризи во светот и денес. Во основа, режимот на САД создава кризи, живее од кризи и се храни со различни кризи во светот. Украина е уште една жртва на оваа политика“, додаде Лидер.

На крај, власта во Украина, иранскиот лидер ја оцени како Мафијашки режим. Осудувајќи ја американската влада како „мафијашки режим“.

„Политичките, економските и секакви мафии ја контролираат нивната земја и носат претседатели на власт. Тие создаваат кризи во светот за да го максимизираат својот профит“.