Чии синови ќе праќаш да гинат Славјанке?

  • Фејсбук статус на Мартин Јованоски.

Славјанка ќе праќала војска во Украина ако НАТО тоа го побара…

Чии синови ќе праќаш да гинат Славјанке?
Чија крв ќе лиеш Славјанке?

Да одиш, и тоа во први редови, да си ја докажеш верноста према идолите свои!

Ама со себе ќе си ги земеш тие клептоманите од партиите ваши, ќе си ги земеш другарите од учк пред кои коленичите како ороспии. Со себе ќе си ги земеш пратениците и министрите, директорите и тендерашите. Со себе Славјанке ќе си ги земеш и залижаните, издрогирани ваши синчиња со џиповите од 100000 евра со кои нѐ газат по улиците.

Ќе си ги земеш со себе и партиските војничиња кои ги глодаат народните пари десетици години наназад!
Соберете се и одете на фронт!

Нема да гинат македонски синови за вас предавници!
Нема да гинат македонски синови за оние кои фрлаа контејнери оружје за терористите во 2001-ва!
Нема да гинат македонски синови за оние кои ги обучуваа твоите газди како да сечат на парчиња бранители, како да горат живи македонски полицајци и војници!

Нема да гинат македонски синови за оние кои фрлаа напалм бомби во егејска Македонија!
Нема да гинат македонски синови за оние кои ни го убија претседателот Трајковски!

А ти иди слободно!
Земи си ги тие како тебе и со трчање на фронт!
Одма!
Најубаво и за нас, и за русите, и за украинците!
Среќен пат и со лесно!