Паријата Маори бара кралицата Елизабета да не биде поглавар на Нов Зеланд
На 182-годишнината од правниот документ на земјата и 70-годишнината откако кралицата e на тронот, партијата на Маорите од Нов Зеланд ја повикаа англиската кралица повеќе да не биде шеф на државата.
Равири Ваити, ко-лидер на Маорската партија, во изјавата дадена во неделата рече дека разделбата со британското кралско семејство ќе биде „можност да се замисли позначајно партнерство во иднина“. Тој го спореди односот на Британија кон Нов Зеланд со бракот и рече дека тие треба да го добијат старателството над детето (земјата).
„Ова нема да значи дека круната е повлечена. Ако парот се разведе, вие не ја губите одговорноста за вашето дете“, додаде тој.
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која смета дека земјата треба да продолжи да ја признава кралицата како церемонијална личност, како една од 54-те членки на Комонвелтот, и оддаде почит на кралицата на 70-годишнината од нејзиниот прием во тронот.
Лидерот на партијата на Маорите, Нгарева-Пакер изјави: „Единствениот начин на кој оваа нација може да функционира е Маорите да ги потврдат своите права на самоуправување, самоопределување и самоуправување во сите наши домени“.
Партијата на Маорите, која има две места во парламентот, a давањето почест на кралицата Елизабета од премиерката го нарече „неверојатно бесчувствителен потег“.