Левица: СДС и ДПМНЕ коалиција во Центар

  • Реакција на Левица – ЛО Центар

На 16та седница на советот на Општина Центар, советничката група на Левица принципиелно се изјасни дека нема да поддржи ни една програма како и буџетот на Општина Центар, за 2023 година поради фактот што 12 месеци предлагачот на програмите и буџетот не ги консултира советничките групи за нивната содржина и измените кои теребаше да се случат во истите, а беа договорени уште при носење на буџетот за 2022 година.

Тогаш советниците на Левица дадоа поддршака на програмите и буџетот, поради фактот дека советот се формираше на неколку дена пред истекот на роковите за носење на програмите и буџет на општината, но со преземена обврска на предлагачот дека во текот на годината програмите ќе претрпат измени и во нив ќе се вметнат проекти на советничките групи.

Тоа до денес не се случи и повторно ни се приложени програми и буџет во ,,5 до 12″.
Од тие причини Левица нема да даде подршка на новиот буџет, освен ако програмите, а со тоа и буџетот не претрпат измени со вметнување на проекти на Левица и останатите советнички групи кои ќе се заитересирани за истото.

Многу веројатно е дека програмите и буџетот за 2023, за кои беше договорено ревидирање, нема да претрпат измени од страна на Градоначалникот Герасимовски, поради фактот што советниците од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ и советниците на СДС зедно, имаат обезбедено мнозинство за изгласување на буџетот за 2023 година.

Овие наши претпоставки ги темелиме врз основа на денешното гласање во советот на Општина Центар, каде советниците на советничката група на ВМРО ДПМНЕ заедно со СДС дадоа подршка на предлог планот на програмите за развој за период 2023-2025 година.