(Видео) Донев: Комунистите знаеја како се прави нација

Поенти од трибината „Македонската кауза – 150 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев“: Проф. д-р Јован Донев.

„Комунистите знаеја како се прави нација, ние не знаеме, односно сегашната генерација од 90-та година мисли дека нацијата е еднаш засекогаш дадена и дека не треба да се вложи во нејзе и резултатот е тоа што е сеа. 

Тоа е едната работа, втората работа е што дали несвесно од нас самите, дали свесно од странични, наши, пријатели имаме ситуација каде имаме огромен број на населението кое вели дека историјата не е важна и дека треба да ја оставиме на страна и да ја гледаме иднината. Јас поголема глупост во мојот живот немам чуено од тоа. Вие не можете да се откажете од историјата бидејќи историјата ви е како тегови околу нозете. Вие не можете да избегате од историјата. И колку и да се трудите, колку и да сакате, не велам дека минатото е добро и дека треба да живееме во минатото, но не можеме од него да избегаме. Тоа не дефинирало што сме денеска и денешнината ке не дефинира што ќе бидеме во наредните стотици години. 

За жал таа е суровата вистина и во 70-те години тие што ја водеа Македонија во тоа време го знаеја ова. И знаеја дека нацијата секој ден треба да се обликува, согласно со потребите на времињата. Ние од 90-та година мислевме дека нацијата ни е дадена еднаш засекогаш и сега ги имаме тие резултати за жал.“