Хуманитарен концерт ‘За класната’ во Филхармонија во организација на Симон Трпчески со соучениците од 4А од генерација 1994-1998 од Инструменталниот оддел на МБУЦ – „Илија Николовски Луј“

Вечерва, со почеток  од 19 часот во Филхармонија , во организација на ученици од генерација 1994-1998 од Инструменталниот оддел на МБУЦ – „Илија Николовски Луј“, ке се одржи хуманитарен концерт, посветен на нивната класна раководителка Снежана Димчевска.

Поради технички причини не сме во можност да продаваме билети, затоа влезот ќе биде со донирање. На влезот ќе видите одбележана кутија за донации, која ќе биде уплатена на сметка. Вечерта ќе имате прилика да слушате убава камерна музика и ќе направите добро дело. Однапред благодарни, 4-А со пријателите, велат организаторите.

На концертот ќе настапат пијанистите Симон Трпчески, Марија Ѓошевска, Славица Мицовска, Маја Поповиќ, Јасминка Танчева Наскова, потоа Горан Ефремов – виолина, Александар Стојчески – виола, Паскал Краповски – виолончело, Владимира Лазаревски – обоа, Мицко Дамњановски – туба. Ќе имаат поддршка и од пријателите: Владимир Крстев – виолина, Стојан Димов – саксофон, Нинослав Димов – саксофон и Гоце Златев – пијано.