Левица на следните парламентарни избори надминува 100 илјади гласови
Агенцијата ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ спроведе теренска анкета на јавното мислење на 1.014 испитаници за периодот од 01 до 18 јули 2022 година. Анкетата се однесува на повеќе актуелни прашања.
Согласно анализата на бројките на следните парламентарни избори би излегле од 870 до 875 илјади граѓани.
Изведено од измерената процентуална доверба распоредот на гласовите во децимали би бил следен:
• ВМРО-ДПМНЕ 355-360 илјади гласови
• СДСМ 170-175 илјади гласови
• ДУИ 110-115 илјади гласови
• Левица 100-105 илјади гласови
• Алијанса за Албанците 50-55 илјади гласови
• Други 75-80 илјади гласови
За потсетување, на прашањето доколку на следните избори би се кандидирале само партии , а не коалициии, за која партија би гласале Левица доби 5.9% доверба од страна на анкетираните граѓани со што ја става на исто рамниште со ДУИ и официјлано претставува најбрзо растечка партија во Репбулика Македонија.