АктуелноИнтернационално

Според „Светскиот извештај за нееднаквост“ богатите стануваат побогати сиромашните стануваат посиромашни

„Светскиот извештај за нееднаквост“ за минатата година покажа зголемување на класните разлики, односно трендот кога богатите стануваат уште по богати а сиромашните уште по сиромашни не само што се задржува како пракса, туку и во време на пандемија негува развој кој продолжува да го стега јазот помеѓу богатите и сиромашните.

Извештајот покажува дека додека половина од светското население поседува само 2% од богатството во светот, најбогатите 10% од луѓето поседуваат 76% од глобалното богатство. 

Магазинот Форбс наведе рекордни 2.755 милијардери во 2021 година, со вкупна вредност од 13,1 трилиони долари, што е повеќе за 8 трилиони долари споредено со претходната година.

Во период на светска пандемија, најбогатите 0,01%  од луѓето во светот забележаа дека нивниот удел во глобалното богатство е зголемен за 10% споредено со 2020 година. Истовремено, споредено со претходната година, бројот на луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија е зголемен за 100 милиони.

Илон Маск го задржува статусот на најбогат човек во светот, тој заработил вкупно 122 милијарди долари во 2021 година. Спротивно на тоа, поединец од најсиромашната половина од глобалната дистрибуција на приходи заработил 3.920 долари за цела година, според Светскиот извештај за нееднаквост за 2022 година.

Извештајот содржи повеќе заклучоци, најмногу внимание привлекоа податоците:

-Најбогатата група луѓе во светот (520.000) забележа зголемување на своето богатство за време на пандемијата и сега поседува 11% од глобалното богатство;
-Светскиот извештај за нееднаквост за минатата година покажа дека промената во онлајн економијата во голема мера им користела на богатите;
-Во моментот кога концентрацијата на богатството го достигнала врвот, нови 100 милиони луѓе паднале во зоната на луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија;
-Фактот дека додека половина од севкупното население поседува само 2% од богатството во светот, додека првите 10% поседуваат 76% од глобалното богатство.