АктуелноЛокално

Од 9 пријави, Финансиска полиција 4 испратила на погрешна адреса, ниту една пријава за функционери

Иако Обвинителството е орган за гонење на организиран криминал и корупција, без доставена кривична пријава од Финансиската полиција или од Одделот за организиран криминал од МВР, истото нема право да покрене постапка.

Работата на Управата за финансиска полиција која е задолжена за откривањето на корупцијата и има обврска да доставува материјали до обвинителствата кои ќе бидат основ за ваквите истраги е целосно незабележителна. Од нивна страна не е откриена речиси никаква корупција, а државата е во целосен „дефицит“ на покренати истраги или обвиненија.

За финансиски криминал, биле доставенни само девет пријави од кои четири биле вратени од страна на ОЈО, заради ненадлежност, т.с. адреса на пријавата била погрешна. Со ова практично за период од една година, ОЈО добило 5 пријави за организиран криминал, но ниту една од нив не е за висок функционер од оваа или претходната власт.

Оваа статистика само укажува на целосното потфрлање на власта во борбата против корупцијата, што беше еден од основните мотиви за кои добија поддршка од гласачите, години претходно по големите протести и политичка криза. Дополнително, постоењето на СЈО за кое се залагаше оваа владејачка гарнитура целосно потфрли, а дел од најистурените актери во истото веќе завршија зад решетки, додека против функционерите за кои има основ за бројни криминали засега нема ниту обвиненија.

Иако власта против-уставно создаде Вицепремиерско место за борба против корупција и Декларација за борба против корупција, Македонија е на досега најниското 111. место во светот (според Транспаренси интернешенел), што е резултат полош и од најлошите денови во времето на Груевизмот.