Куба и Кина договорија план за соработка и промоција на иницијативата „Појас и пат“

Куба и Кина потпишаа план за соработка и промовирање на изградбата на Кинеската иницијатива „Појас и пат“, отворајќи можности за понатамошна соработка во корист на двете страни, како и за развој на соработката помеѓу Кина и останатите земји од Латинска Америка.

Планот првично е насочен кон билатералната соработка во повеќе области, а акцентот на соработката ќе биде ставен на приоритетните сектори за Куба, како што се развојот на инфраструктурата, образованието, културата, здравството и биотехнологијата, комуникациите, науката и технологијата и туризмот. Проектите и акциите што ќе се спроведуваат заеднички ќе бидат од взаемна корист, со цел дополнително зајакнување и диверзификација на врските како помеѓу Куба и Кина, така и со трети земји кои се членки на оваа иницијатива.

Потпишувањето на планот помеѓу двете земји ја забрзува соработката и го истакнаа кинескиот принцип на дејствување и соработка со трети држави. Овој договор само го потврди принципот на взаемна корист при еднакви услови што го практикува Кина при развивањето на меѓудржавна соработка. Ваквиот надворешно-полтички курс особено беше забележлив по обновувањето на дипломатските односи меѓу Кина и Никарагва, што дополнително создаде простор за зајакнување на кинеската соработката со земјите од Латинска Америка.

Џоу Зивеи, научен соработник за студии поврзани со Латинска Америка од Кинеската академија за општествени науки за „Глобал тајмс“, изјави:

„Кина активно го одржува нормалниот поредок на меѓународните односи и се стреми да промовира заеднички развој низ целиот свет, за разлика од СAД, кои под знамето на демократијата, воведоа санкции и економско ембарго на некои земји од Латинска Америка, мешајќи се во нивните внатрешни работи, ограничувајќи ја нивната соработката со странски компании.“

Џоу исто така истакна дека Кина и Куба имаат силна економска комплементарност, така што новиот документ ќе помогне во економското закрепнување на Куба, како и во промовирање на соработката меѓу Кина и Латинска Америка во туризмот и енергетиката.

Претходно, во октомври Куба стана стана членка на енергетското партнерство на „Појас и пат“.