Поранешниот Еврокомесар за проширување обвинет за корупција
Против поранешниот еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, беа покренати сриозни обвинувања од страна на Францускиот весник „Либерасион“. Повикувајки се на извори од ORF и Der Standard францускиот весник вели дека тој им дозволил на лобистите да го канат на лов и скапи вечери без да го пријави ова.
Од страна на Јоханес Хан овие обвинувања беа негирани, австриските медеиуми пишуваат дека тој присуствувал на ловечка забава во декември 2015 година, која ја платило белгиското лоби на сопственици на земјиште (ELO). Според кодексот на однесување, тој имал обврска да го пријави неговото учество во Комисијата, пишува францускиот весник.
Според истите извори ова не е единствениот случај во кој австрискиот политичар има судир на интереси. Оваа година тој трипати се сретнал на вечера со австриската претставничка во Комисијата на ревизори, Хелга Бергер, која сметките од вечерата ги проследила за наплата до ревизорската комисија. Од кабинетот на Хан објаснуваат, дека овие средби се „дел од редовната размена што тој ја има со претставници на институции/организации кои се поврзани со активности во контекст на неговиот ресор.