Ленка: Дали Владата ќе ја разреши Шкодране Дардишта?
Поминаа две седмици по контроверзната објава во која кадрите на ДУИ се закануваат со војна. Главната улога тогаш ја имаше Шкодране Дардишта, за чија објава јавноста очекуваше и бараше реакција од државата.
Дардишта управуваше со Јавната установа Заеднички служби на скопските клиники 12 години, денес е извршен и независен член на одборот директори на Македонски Телеком, зад чие назначување стои потписот од тогашниот генерален секретар Драги Рашковски.
По вознемирувачката објава на Дардишта, Македонски телеком се огради од овој став. Без разлика на големи негодувања од страна на граѓаните, осудата од невладините организации за овој чин беше премногу мека, а нејзино разрешување од функцијата сè уште нема.
Движењето за социјална правда – Ленка, кое тогаш бараше за оваа постапка Дардишта да понесе одговорност и да биде разрешена од страна на Владата, денес повторно потсетија дека овој случај е занемарен од државата.
На социјалните мрежи тие го поставија прашањето: „До каде е Влада на Република Северна Македонија со разрешувањето на Шкодране Дардишта која се закануваше со војна?!“ – споделувајќи ја објавата на Телеком, во која тие се оградија од ставовите на членот на управниот одбор.