САД признава недостаток на оружје во НАТО и бара членките да одвојуваат над 2% од БДП

„Земјите членки на НАТО треба да ги зголемат воените трошоци и да потрошат повеќе од два отсто од БДП за одбрана“, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен во интервју објавено за медиумската групација „Функе“.

Истовремено, тој потсети дека од 2022 година има нов стратешки концепт на НАТО, кој ги отсликува предизвиците на нашето време.

„Ние ѝ даваме воена поддршка на Украина од почетокот на војната. Ова доведе до фактот дека земјите на НАТО почнаа да ги намалуваат сопствените резерви на оружје. Овие празнини треба да се пополнат, за да се обезбеди стабилно темпо на производство на одбрана и трошоци за одбрана“, рече државниот секретар на САД.

Блинкен додаде дека за САД е важно секој НАТО сојузник да ги исполни своите обврски и издвои најмалку 2% од сопственото БДП за одбрана и НАТО. „Од американска гледна точка, два проценти треба да бидат подот, а не таванот“, рече Блинкен.

Од земјите од Западен Балкан, Македонија издвоила најголем процент средства, односно 1,61 отсто од БДП за одбраната, Албанија 1,57 отсто и Црна Гора 1,35 отсто. Хрватска потрошила 1,91 отсто, а Словенија 1,26 отсто од БДП.

Инаку, по отпочнувањето на конфликтот во Украина, производителите на оружје во САД оствариле рекордни добивки.