Молк за скандалозниот оглас на „Бехтел и Енка“ за северномакедонски јазик

  • Реакција на Политичката партија Левица

Резултатите на владеењето на предавничката СДС и сецесионистите од ДУИ се крајно погубни во однос на државата и општата добробит. Корпоративната диктатура, која ја официјализираа со европско знаменце за да му се дозволи на Артан ГРУБИ да се богати, додека американскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ ги експлоатира работниците со над 70 часа работа неделно, сега на вулгарен начин задира и во основните идентитетски обележја на државата – нарекувајќи го во оглас МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК како „северномакедонски мајчин јазик“.

Владата, која ја сочинуваат импотентните квислинзи од СДС и етно-трибалистичките сецесионисти од ДУИ, дозволува една корпорација да го надополнува проектот за редефинирање на државните идентитетски обележја.

Имено, во огласот за вработување за лице за работната позиција „водач за односи со јавноста“, од страна на контроверзниот американски конзорциум, „Бехтел и Енка“, јазикот наведен како официјален јазик на Република Македонија е тенденциозно наведен како „северномакедонски мајчин јазик“. Дополнително, во албанската верзија на истиот оглас македонскиот јазик е претставен како „МАЈЧИН јазик на Република Северна Македонија“, додека македонската верзија е последна, по англиската и албанската, што е флагрантно деградирање на македонскиот јазик!

Ваквата тендеција е директна последица на нелегитимниот Преспански договор, за чии долгорочни последици Левица алармираше уште пред спроведувањето на неуспешниот референдум. Анти-македонската политика на предавничките СДС и ДУИ резултира со целосно редефинирање на антифаштичкиот македонски идентитет во НАТО-ски северномакедонски идентитет.

За ваквиот скандалозен оглас нема никаква реакција од страна на триото СДС-ДУИ-ДПМНЕ, најверојатно за да не го навредат “стратешкиот партнер” кој го спроведува проектот Коридор 8. Изостанува реакција и од провладините активисти и организации кои силно убедуваа дека ,,македонскиот јазик е зацементиран”.

Левица во својата Програма се залага за поништување на т.н. Преспански договор со Грција и на криминалните илегални уставни амандмани прозлезени од истиот – поради непочитување на правото на самоопределување!