Политичката критика – опиум за масите

Која е поентата на политичката критика? Да си олесниме на душата? Да се покажеме како најпаметни? Или, можеби, се имаат толку луѓе борено и загинато за можноста да упатуваат критика кон моќта од многу поважни, посуштински причини?

Целта е, не да можеме а-ла-к15 вицови да кажуваме, туку да се разбие лагата на властите и да се организираме оние кои ја делиме истата (попрецизно: доволно сличната) критика. Ако сум јас спречен да увидам дека Петко Петковски го дели мојот став, тогаш сигурно нема да делуваме заедно.

За жал, обратното не важи. Сите (не баш, ама многу) се аналитичари, критичари, сатиричари и општо мудреци по статуси и твитови. И таму и остануваат. Што ако дури 99% од луѓето се против некоја појава ако не се организираат да ја укинат/променат?

Критиката стана удобна за некои луѓе, бидејќи нема последици. Ниту има негативни за властите бидејќи ретко кој од критичарите се дрзнува нешто организирано (колективно) да превземе, ниту има негативни за критичарот, бидеќи власта нема потреба (иако некогаш инстиктивно ирационално реагира) да го казни некој чија критика не служи како ефективен повик за акција туку како вентил на фрустрациите преку лајк и/или “жесток” коментар.

И така, иронично, “слободната” критика (ослободена од било каков ефект) е онаа која практично ја толчи првобитната заложба на критиката.

Скоро секој повик за гневот према неправдата, гнев кој е очигледен, е малку, а некогаш ни малку, ефективен. И во сите такви ситуации има “изговор” зошто е сето тоа залудно.

Некогаш, ете, лоша била ситуацијата па нема друго освен да се помолиме и да почекаме со скрстени раце подобра. Друг пат бараме точки на несогласување со сите оние со кои во глобала се согласуваме па подобро без нив отколку погрешно. Често дури се случува кон нив да е упатена критика, без никаква намера да ги замениме со алтернатива, сепак тоа бара повеќе од интернет конекција. Трет пат ќе најдеме и заедничка точка на делување и има шанси за успех ама па ептен дејностите се поклапаат временски со {вметни произволна активност}.

Но во сите овие случаи заедничкиот лајт-мотиф е УДОБНОСТА на безпоследичната и изолирана критика, удобност која пружа некаков комфор дури и кога животот ни е далеку од вистински удобен.

Па така, место религијата, критиката стана опиум за масите.

Став на Гораст Муратовски, член на президиумот на Левица

Која е поентата на политичката критика? Да си олесниме на душата? Да се покажеме како најпаметни? Или, можеби, се имаат…

Публикувахте от Гораст Муратовски в Петък, 4 октомври 2019 г.