Муратовски од Президиумот на Левица учествуваше на конференција организирана од Комунистичка партија на Кина

Денес се одржа конференцијата на тема „Тематско брифирање за шестата пленарна седница на Централниот комитет на КПК”, организирана од страна на Одделот за надворешни работи на Комунистичка партија на Кина. На својата официјална страница, Политичката партија Левица соопшти дека членот на Президиумот Гораст Муратовски, на оваа конференција бил претставник на Левица.

„Во овој момент, како претставник на Левица, членот на Президиумот Гораст Муратовски, присуствува на Конференцијата организирана од страна на Одделот за надворешни работи на Комунистичка партија на Кина, со наслов: ,,Тематско брифирање за шестата пленарна седница на Централниот комитет на КПК”.

На конференцијата присуствуваат преку стотина претставници и лидери на политички партии од светот, како и членови на влади, претседатели на собранија и претставници на тинк-тенкови.

Левица се залага за рамноправна соработка на меѓународно ниво без закани, притисоци и уцени, што е и една од главните точки на историската Резолуција усвоена на оваа седница на ЦК на КПК.“ – стои во соопштението објавено од партијата.