Левица денес ја отвора канцеларијата во Лозово

Ве известуваме дека утре (22.02.2024 година, четврток) е официјалното отворање на партиската канцеларија во Лозово, со почеток од 19:00 часот.

На отворањето ќе бидат присутни претседателот на Левица – Проф. Д-р Димитар Апасиев, пратеникот Борислав Крмов, како и останати членови на Президиумот и ЦК на Левица.

На отворањето се поканети да присуствуваат сите наши симпатизери и поддржувачи.

Преку оваа средба, граѓаните ќе имаат можност поконкретно да се запознаат со платформата, визијата и стратегијата на Левица, како единствена работничка и класно-ориентирана партија во Република Македонија, гласи објавата на Левица по повод отворањето на канцеларијата во Лозово.