АктуелноИнтернационално

Советниците на Левица бараат целосна ревизија на работењето на Шилегов

Екс градоначалникот Шилегов замина во историјата, но штетните последици од неговото работење, скопјани уште долго ќе ги чуствуваат.

Иако Петре Шилегов не трошел време па побрзал да го потпише договорот за предновогодишно украсување на Скопје вреден 240.000 евра, немал време да ги потпише и решенијата за субвенционирање на платите на вработените во градските претпријатија.

Покрај загрижувачкиот факт дека вработените во јавните претпријатија поради неажурноста на Шилегов нема да земат плата, застрашувачки е и фактот што платите на овие вработени треба да се субвенционираат. Друго прашање е како овие претпријатија станаа загубари?

Дека состојбата во јавните претпријатија е очајна, говори и фактот дека по дојава од граѓани, градоначалничката Данела Арсовска лично реагираше до раководителот на смена во ЈП „Комунална хигиена“ да се исчити сметот од улиците во Скопје, додека градот тоне во смет.

Советниците на Град Скопје од Левица, бараат да се направи целосна ревизија на работењето на екс градоначалникот Шилегов!

Исто така aпелираме градоначалначката Данела Арсовска во најбрз можен рок да ги потпише решенијата со цел вработените од јавните претпријатија да можат да земат плата, да покрене постапка за утврдување на одговороност за очајната состојба на јавните претпријатија, како и да превземе конкретни мерки за стабилизирање на нивната финансиска состојба.