Апасиев: Одродената политичка елита е најголем крвник на македонскиот народ

  • Секвенци од Историски говор на Претседателот на Левица – Димитар Апасиев на денешната собраниска Комисија за промена на Уставот

„Колку пати ќе голтаме? Имате ли вие кичма и достоинство, имате ли национална гордост? Имате ли некој идентитет кој сакате да го заштитите? Вие наметнавте лузерски менталитет на овој народ и затоа ќе си ја добиете историската шамарница на следните избори.

Одродената политичка елита е најголем крвник на македонскиот народ. Нижете пораз до пораз, без визија за новиот мултиполарен свет кој геополитиќки се раѓа. Предадовте добиена утакмица: 4 од 5 постојани членки на Советот за безбедност на ООН, не признаваа под уставното име. 150 од 200 држави на ООН истотака. Ние добивме пресуда во Меѓунард Суд на Правдата во Хаг, но, со заевистичката стратегија на „ол-ин“ отидовте за да изгубите.

Вие сте недоквакани да водите држава и политика, немате антиципација и политичка мудорст да ги предвивдувате штетните последици.

Илустративен е примерот со кипарските Грци, со кој Маричиќ е веројатно запознаен како нереализиран професор по меѓународно право – кога на кипарските Грци им понудиле ваков глупав предлог како овој што вие го прифатвте, и им кажале: „земи или остави“ и дека 100 години ќе чекаат да го решат спорот, тие одговориле мудри Византици: што се 100 години во спроедба со вечната наша кауза? Заради секое ваше историско понижување кое ни е сервирано како „земете или оставете“, сега треба да го делегитимираме овој процес во кој вие не воведовте и во кој од утре ќе останете сами бидејќи никој од опозицијата нема да земе збор.

Вие Премиере, сте октроиран премиер, наметнат. Се обидов да ве најдам на листата од 120 понудени пратеници на СДСМ во 6-те Изборни единици, но, ве нема никаде. Вас никој не ве гласал за да бидете Премиер, и сега под диктат подметнувате кукавичко јајце за уставни измени.