Знамиња на голема Албанија и САД на протестот за „Монструм”

Ескалира насилството на протестите за случајот Монструм, организиран од страна на роднините на осудените. Екипата на МИА беше нападната на протестот, по што привремено беше прекинат преносот во живо. Полицијата се обидуваше да ги растури насилните групи, при што беа употребени и димни бомби. На протестот беа присутни и пратеници од Алтернатива и Алијанса за Албанците.

На протестот беа забележени и знамиња на голема Албанија и САД, со што во јавноста се наметна прашањето дали американската амбасада го поддржува протестот. Дополнително, се очекува и реакција од претседателот Пендаровски, кој експресно реагираше со осуда за палењето на бугарското знаме, додекa веењето знаме на голема Албанија е загрозување на територијалниот суверенитет на Македонија.

Галерија со слики од протестот.