Државата не ги мониторира пестицидите, ГМО и додатоците во храната
Со спроведувањето на националните програми за надзор и следење на храната, Владата (државата), може и има должност, да провери дали воспоставените контроли се доволни за одржување на безбедно и здравствено исправно снабдување со храна. Оваа година во Македонија храната која е основен фактор за здравје и болест, оставена е без никаков надзор од страна на државата и тоа се случува период на светска пандемија.
Околу десетина месеци наназад (од почетокот на 2021), никој не ги мониторира, пестицидите во бебешката храна, зеленчукот и овошјето, тешки метали имикотоксини во овошје, зеленчук, житарки и нивните производи, материјали кои доаѓаат во контакт со храната, готова храна од сендвичари и слаткарници, органски произведената храна ГМО и додатоци во исхраната и слично.
До пред неколку години Републичкиот завод за здравствена заштита, Факултетот за ветеринарна медицина и Лабораторијата за фитосанитарна заштита, се грижеа за мониторингот на храната и нејзината здравствената исправност и безбедност. Но, откако СДСМ е на чело на Агенцијата за храна и ветеринарство, започна (и продолжува во континуитет) разнебитување на овој многу значаен сектор. Појавата на приватни компании, кои ја вршат оваа дејност, се главна причина за уништувањето на државните капацитети.
Имено, под превезот на либерализација на пазарот на лабораториски анализи од страна на властите се дозволи отварање на приватни лаборатории од странски, но и домашни инвеститори. Челниците на АХВ започнаа со фаворизација не некои од нив. Една од фаворизираните приватните лаборатории има сопственик кој има забрана за вршење на соодветната дејност во неговата земја!
Владата во желбата да им удоволи на новоформираните приватни лаборатории за испитување на храна, се обидува да им додели тендер на истите. Но како резултат на нивната некадарност да ги победат државните фирми во тендерската битка, властите постојано го рушат тендерот.
Како резултат на ова, во време на светска пандемија, кога штитењето на имунитетот треба да биде приоритет, храната во Македонија никој не ја контролира околу десетина месеци! Граѓаните не знаат колку (не)квалитетна храна консумираат.
Со ваквата политика на АХВ, домашните власти се онеспособени да ја следат состојбата на терен, а потрошувачите никогаш нема да се сигурни во тоа што го јадат. Оставено е простор за манипулација со здравствената исправност и безбедност на храната!
Власта повторно го стави интересот на граѓаните во подредена позиција. Безбедноста на храната се’ повеќе зависи од свеста и одговорноста на приватните лаборатории, при што буквално во залог се ставаат здравјето и квалитетот на живот на граѓаните.
Повеќе од очигледно е дека уште еднаш се тргува со општото добро за приватни интереси, при што буквално во залог се ставаат здравјето и квалитетот на живот на граѓаните. И на крај уште една дилема, дали општиот тренд за негрижа за јавното здравје и храната која ја консумираме игра голема улога во енормната смртност од ковид која ја сведочиме секој ден?