Јужно Афричката Република ќе го конфискува земјиштето на колонизаторите

Парламентот на ЈАР изгласа предлог постапка за менување на уставот на државата во насока да се дозволи конфискација на земјата на белите колонизатори и тоа без компензација.

Предлогот на Џулиус Малема, лидерот на опозиционата марксистичка партија Борци за Економска Слобода, помина со огромно мнозинство од 241 глас ЗА наспроти 83 ПРОТИВ. Предлогот, по широката подршка во народот, ја доби и подршката на владеачката партија, Африканскиот Национален Конгрес, како и на повеќето партии во ЈАР. „Времето за помирување заврши. Сега е време за правда“, извави иницијаторот Малема и додаде „Мораме да го вратиме достоинството на нашиот народ без да ги компензираме криминалците што ни ја украдоа земјата“.

Според истражување на „Блумберг“, белците во Јужно Афричката Република поседуваат 72% од вкупното обработливо земјиште. Иако за време на владеењето на Нелсон Мендела се направија големи чекори на политичкото урнисување на Апартхајдот што владееше во ЈАР, Мендела и партијата АНК не останаа доследни на социјализмот и не го уништија и економскиот аспект на апартхајдот. Ваквиот потег би бил сериозен чекор во таа насока.