Работниците од „Веибо“ во вечерните часови и на студ стојат пред фабриката

Денеска, на 28миот ден како протестираат работниците од „Веибо“ за трите неисплатени плати, повторно е забележано раководството, во фабриката. Овој пат тие се дојдени со камиони, најверојатно со намера криминално да ги изнесат машините за да не може да им се плати на работниците.

На прашање поставено од една од работничките, во врска со платите, управителката безобразно одговорила „Кои пари, кучко една?“ !!! Работниците извикуваат „СРАМОТА!“ и си ги бараат чесно заработените плати.

Поради овие пијавици работниците се приморани на студ и до доцните часови да стојат пред фабриката и да го блокираат излезот. Работниците се луѓе, пред се, и нивното доистоинство непрекинато се гази во ова бизнис-општество!

Работниците создаваат се и не само што не ги уживаат целосно плодовите на својот макотрпен труд туку и често воопшто не им се плаќа работата. Време е сите работници во Македонија да се организираат политички, синдикално и партиски, за да го добијат она што го заслужуваат – а тоа е се!