Колку чинат „епските говори“ на Мирко Попов

ДиЏеј-от и пејач Мирко Попов деновиве повторно е актуелен, овој пат по својот настап на митингот на СДСМ „Обединувачки за Скопје“. Како „хард кор“ скопјанец и како самиот тој вели „културен уметник“, фасциниран од настанот на СДСМ и градоначалникот Шилегов, одржува „епски“ говор кој предизвикува ерупција на реакции на социјалните мрежи.

„Господинот Шилегов е еден од ретките кои има слух, трпение и доблест да разговара со луѓето, односно културните работници кои се, за жал, дел од периферијата и маргините ова општество.“

Искажаното во „епските“ говори на Мирко Попов, кои можат да се окарактеризираат како хвалоспеви за Петре Шилегов, можеби јавноста ќе ги разбереше како негов реален став, доколку не беше разобличена позадината. Имено, во последните две години, неговото здружение ПМГ Рекордингс и неговата фирма ПМГ Рекордингс ДООЕЛ Увоз-Извоз, константно, речиси секој месец добивале по некој грант. Овие финансиски поддршки достигнувале и до 500.000 денари во еден месец.

Хвалоспевите за Шилегов и СДСМ практично биле финансирани со народни пари од буџетот на РМ. Секоја година Попов добива илјадници евра за настаните кои едвај некој да ги видел и тоа не само од Град Скопје и институциите под ингеренции на локалната власт како Младински културен центар, Универзална сала и т.н., туку и од институциите кои се под ингеренции на централната власт како Министерство за Култура и Влада на Република Македонија.

Согласно ова, ситуацијата и однесувањето на „културниот уметник“ кој благоглаголи на политичките митинзи е целосно разбирлива. Но, ова не е единственото место каде тој се бори за партијата која го финансира со државни пари. Изминатиот период тој е интензивно активен на социјалните мрежи. Не ретко тој се конфронтира со неистомислениците, неговите дискусии умеат да завршат со навреди и закани, и, кон „политичките“ противници индивидуални, и кон граѓаните (најчесто кон скопјани) генерално.

Момент кој привлече особено внимание беше кога скопјани ги нарече „дијагноза“, сведувајќи ги на 30, 50, 100, 1000 луѓе кој „пркосат на срањето“, за веќе во наредниот момент да каже „дека неговото искуство и неговите интереси се онакви како она со градоначалникот Шилегов“.