Кираџиева: Потребен е посебен општински стационар за згрижување на животните

Иако изминатите години беа правени повеќе напори за решавање на проблемот со бездомните животни, овој проблем се уште не е решен. Помалку или повеќе, со бездомни животни може да се сретне во секоја скопска општина, не ретко граѓаните се нападнати од нив, претставуваат опасност за зараза и ширење билести или слично, додека пак  секојдневно овие животни се наоѓаат во лоши услови и без хуман третман.

Весна Кираџиева која е кандидат за градоначалник во Општина Аеродром вели дека: 

“Kако атлетичарка, со повеќе од дваесет годишна атлетска кариера, која тренира на отворено, секојдневно покрај улични кучиња и не ми се случило да претрчам и да бидам нападната, за разлика од последниве години, кога не само јас, туку најголем број од моите колеги се имаат пожалено на истото, како и нашите сограѓани од различни населби низ општината и градот со кои имав прилика да разговарам изминативе месеци.”

Атлетичарката и активистите кои и помагаат во изборната кампања заклучиле дека е потребен посебен, општински стационар за згрижување на животните. 

Нивната идеја е за животните да се грижат стручни лица или  ветеринарна служба. Животните да бидат вакцинирани, стерилизирани и чипирани. Со ова Љубителите на животни ќе имаат прилика да вдомат милениче и на тој начин ќе се води регистар, со што би се избегнал досегашниот проблем животните да бидат пуштени слободно откако на некој од вдомувачите ќе му здодее да се грижи за милениче, по што тие се оставени да лутаат сами по улиците, а не ретко и да бидат отруени.

Кираџиева вели дека „Европските земји кон кои се стремиме, веќе одамна ги имаат имплементирано овие пракси, па ние немаме потреба да измислуваме ништо ново. Чувањето на домашно милениче е доведено на ниво на општествен статус во овие земји и бара огромна одговорност, која пак се санкционира доколку не се почитуваат правилата и законите.“

Советниците предложени од Левица во Општина Аеродром и кандидатот за Градоначалник се свесни дека нема да биде лесно, брзо и едноставно, но  во соработка со граѓаните сметаат дека на општината, овој проблем може да биде решен.