Левица поднесе иницијатива за реконструкција и проширување на игралиштето во Нерези

  • Соопштение на ЛО Левица Карпош

Согласно изборните ветувања, средбите со жителите, а поаѓајќи од потребите на Нережани, денеска, советничката група на Левица поднесе иницијатива за реконструкција и проширување на детското и спортското игралиште во населеното место Средно Нерези.

Се работи за игралиште кое од самата изградба, повеќе од 20 години, не е реконструирано, а чија моментална состојба е катастрофална. Оттука ја поднесовме иницијативата која опфаќа:

– Целосна реконструкција на детското игралиште со поставување на нови реквизити, соодветна подлога како и ограда.

– Целосна реконструкција на големото спортско игралиште со поставување на нова подлога, осветлување, ограда и голови.

– Изградба на мини терен за кошарка.

– Хортикултурно и партерно уредување.

Очекуваме оваа иницијатива преточена во предлог-одлука веќе наредната седница на Советот да се најде на дневен ред, а бараме истата да ја поддржат сите советнички групи во Советот.