Македонската амбасада во Москва остана без вработени

Подржувањето на Западните политики има своја цена. Македонија која без размислување ја подржуваше политиката на санкции водена од САД и ЕУ кон Русија и без никаква причина се солидаризираше со нивното протерување руски дипломати, остана без вработени во амбасадата во Москва.

По протерувањето на руски дипломати од Македонска стана на почетокот од годината, следеше реакција од гласноговорникот на руското МНР. Марија Захарова тогаш рече:

“На 14 мај беше преземен непријателски чин против руската дипломатска мисија во Северна Македонија. Властите на земјата прогласија руски дипломат за ‘персона нон грата’. Денес Министерство за надворешни работи на Русија ги осуди ваквите активности и рече дека ќе следат реципрочни мерки. На ова, денес Министерството за надворешни одговори дека во Русија работат само двајца нивни дипломати – и во Скопје се надеваат дека Русија нема да го протера ниту едниот, ниту пак двајцата дипломати, како одговор. Што мислеа во Скопје кога ја донесуваа одлуката за протерувањето на рускиот дипломат? Или ни предлагаат да протераме други, наместо нивните дипломати, кои ги има малку?”

По оваа реакција беше протеран еден од двајцата вработени во Македонската амбасада во Москва. Од македонска страна очигледно не ја сфатија пораката доволно сериозно и одлучија да продолжат со непроменет курс во надворешната политика и одлучија да протераат уште еден руски дипломат во месец август. За ова вчера добивме одговор од официјална Москва.

„На 4 октомври, в.д. амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација Оливера Чаушевска-Димовска беше поканета во Министерството за надворешни работи на Русија, каде ѝ беше врачена нота на Министерството, со која вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за „персона нон грата“. Оваа мерка е одговор на сосема неоснована одлука за прогласувањето на дипломат во Амбасадата на Русија во Скопје за „персона нон грата“ донесена од страна на Македонија во август оваа година.“

После оваа одлука во амбасадата останува единствено в.д. амбасадорката Оливера Чаушевска-Димовска.