(Видео) Обраќање на Андреа Јанков – Кандидат за градоначалник на Општина Центар

„Просторот е ресурс, и кога еднаш ќе се пополни многу е тешко и скапо да се врати назад. Носењето на лоши ДУП-ови, нивно гласање од партиска машинерија отелотворена во советниците кои можеби и не знаат што точно гласаат, не доведе до овој момент, да во Центар имаме од една страна хиперурбанизирани населби, кои имаат проблеми со паркирање, градинки, училишта, светлина, како што е тоа Дебар Маало, Буњаковец, Железничка колонија и најново, градежна офанзива на Водно, а од дуга страна имаме населби како Маџар Маало и Ново Маало, Дуќанџик и Крњево кои останаа тотално заборавени од општината.

Ако можете со соседот од соседната зграда да се ракувате додека пиете утринско кафе на тераса, тоа е лош урбанизам. Ако не можете да најдете паркинг место по 20-30 мин, или треба да паркирате дури во Карпош или Аеродром, тоа е лош урбанизам. Ако за вашите деца нема место во градинките и основните училишта, тоа е лош урбанизам. Ако постои опасност вие и вашето дете да бидете згазени на улица како пешаци или велосипедисти, тоа е лош урбанизам. Ако немате сенка и се движите на тротар и асфалт кои има 50 степени температура во лето, тоа повторно е лош урбанизам. Кога немате каде да ги пуштите вашите деца да се играат, каде малдите да се да ги откријат и практикуваат своите таленти, каде да ги прошетате вашите миленици, каде вашите мајки и таткови, баби и дедовци да се социјализираат, тоа повторно е лош урбанизам.

Многу често знаееме да збруваме за тн. Урбана мафија, или поточен термин би бил „урбанистичка мафија“, како некаква фантомска организација, и ја кривиме за лошите урбанистички решенија, а всушност истата е само ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ НА КОРУПЦИЈАТА ВО ПРОСТОРОТ ПРЕКУ АРХИТЕКТУРАТА. Или кратко речено, корупција на дело. Истата потекнува од Централно и се прелива на локално ниво, односно се менуваа Закони за градење и правилници за урбанистички правилници и по неколкупати годишно, за да ги задоволат желбите и апетитите на инвеститорите, планерите работеа за општината на тендери од по 1 евро за хектар, затоа што знаеа дека наградата ќе ја добијат на друго место. И 30 години се спроведува истиот филм, два политички мастодони, ветуват се и сешто пред изброи, а ја уништуваат нашата општина пост изборно.

Време е да му ставиме крај на ова, време е да се изврши ревизија на урбанистичките планови и истите да се свртат кон самоодржливи, современи и хумани решенија, решенија каде ќе има доволо простор за се, каде ќе има поголем процент за зеленило наместо топлинските осторви, каде ќе има безбеден пешачки и велосипдески сообраќај, каде детските и инвалидските колички нема да се движат низ автомобили.

Таа ревизија треба да се одвива и максимално транспарентно и во соработка со граѓаните. Потребно е самите граѓани да земат учество во планирањето на својата општина, по пат на ЈАВНИ АНКЕТИ, на ниво на месни заедници и затоа ни е потребна ДЕМОКРАТИЗАЦИЈА НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА, преку организирање локални референдуми, иницијативи и граѓански собири, како алатка за планирање на развојот на општината, особено кога се во прашање клучни теми за урбаниот развој на самата општина и функционална мрежа на месни самоуправи, како систем за граѓанска партиципација.

Информирани граѓани, можат да донесат и информирани заклучоци, за таа цел ќе ја ОТВОРИМЕ ОПШТИНАТА ДА БИДЕ ДОСТАПНА СЕКОМУ, СО НЕЈЗИНА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И ВОВОЕДУВАЊЕ НА ДВОСМЕНСКО РАБОТЕЊЕ И ЧЕСТИ ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ ЗА СРЕДБИ, што истовремено ќе придонесе и до олеснување на секојдневните потреби на граѓаните. Јавните расправи на советот ќе се СНИМААТ И ЕМИТУВААТ ВО ЖИВО, ќе бидат достапни секому и ќе се одвиваат вон работно време со цел граѓаните да можат да бидат присутни.

Сите урбанистички решенија ќе бидат предмет на ЈАВЕН И МЕЃУНАРОДЕН КОНКУРС, наместо како досега по пат на тендери каде основен параметар е најниската цена.

Во програмата е опфатено и ПОТПИШУВАЊЕ НА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО АРХИТЕКТОНСКИ И ШУМАРСКИ ФАКУЛТЕТ, затоа што веќе постојат стручни решенија од кои може да се црпат информации, и нема да се случи ниту една сеча на дрво без фитопатолошки наод од стручни лица.“