Не отварам врата: Мицкоски призна дека договорил да помине шверцерскиот попис на Заев-Ахмети
Во вчерашната дебата на Канал 5 телевизија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави:
„Еве господинот Заев треба да е чесен и да каже, дека наместо предвидените 20 дена за попис, ги зголемивме на 25, кога беше таа лидерска средба во клубот на пратеници на мој предлог.
Оваа изјава на Христијан Мицкоски наиде на жестока критика од страна на активистите во иницијативата „Не отварам врата“. Тие сметаат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ конечно ја признал соработката со Заев и Ахмети за спроведување на фингираниот попис.
Мицкоски ПРИЗНА дека на лидерската средба договорил да помине шверцерскиот попис на Заев-Ахмети! Наместо предвидените 20 дена за попис, Мицкоски договорил 25 дена за да го спаси Заев од бојкотот на Македонците. Токму во 2011 година, пописот беше ПРЕКИНАТ заради бојкотот кој оневозможи истиот да заврши во предвидените 20 дена!
Соработници на режимот!
– Пишува во нивната реакција на социјалните мрежи.